Connect with us

Свет

ЕК предлага ЕУ да може да воведува санкции за организиран криминал

Европска комисија и високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Каја Калас денеска предложија Европска Унија да има можност да воведе санкции за кривични дела како што се шверцување мигранти и учество во организирани криминални групи.

Се предлага да се воведат санкции за трговија со луѓе, огнено оружје, дрога и перење пари. Според предлогот, овие мерки би се вовеле за активности надвор од ЕУ кои директно влијаат на европските интереси и безбедност. Во такви случаи, се предвидува замрзнување на средствата и воведување забрана за патување до или низ ЕУ.

Во соопштението од ЕК се наведува дека Советот на ЕУ може едногласно да го одобри предлогот.

Организираниот криминал ги дестабилизира општествата, го поткопува владеењето на правото и демократијата, ја ослабува економската стабилност и безбедноста, се наведува во соопштението на ЕК. 

Ad
Ad