Кошарка
Мартинез ја напушти Валенсија за да ги предводи кошаркарите на Реал
Шпанскиот кошаркарски стратег Педро Мартинез (65) ја напушти тренерската должност во Валенсија за да седне на клупата на Реал Мадрид, со кого потпиша тригодишен договор.
Во неодамна завршената сезона во шпанското кошаркарско првенство, Мартинез ја предводеше Валенсија до втората титула во клупската историја и до нејзиното прво учество на завршниот турнир од Евролигата, во кое загуби од Реал во полуфиналето.
И покрај скромниот буџет за засилувања, Валенсија импресионираше со својот динамичен стил на игра, што му ја обезбеди и на Мартинез наградата за тренер на годината во Евролигата.
На клупата на Реал доаѓа на местото на Серхио Скариоло.


