Хроника
Приведен велешанец за предизвикување пожар на соседна нива и објекти
Полициски службеници од СВР Велес вчера попладне во 15:20 часот го лишиле од слобода 61 – годишниот А.О.од Велес. Тој се сомничи дека околу 14:25 часот на место викано „Свилара“ во атар на село Долно Оризари, запалил сува трева во својот овоштарник и предизвикал пожар кој зафатил нива, помошна просторија, бандера и инвентар од викенд куќа, сопственост на 42-годишната М.Т од Велес.
При обид да го изгасне пожарот, А.О се здобил со повреди, информираат денеска од СВР Велес.
Пожарот бил изгаснат од Територијалната противпожарна единица Велес, а увид извршила увидна екипа од СВР Велес.
А.О. бил приведен во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава,најавија од СВР Велес.
јули 7, 2026


