Connect with us

Хроника

Пожар во демиркаписко, зафати три постари куќи, спасена една повозрасна жена

Пожар избувна денеска во демиркаписко Прждево, зафати три постари куќи, спасена е една повозрасна жена. Оваа информација ја потврди за МИА, Столе Атанасов, командир на Територијалната противпожарна единица. 

– Пожарот зафати три постари куќи, трева и нискостеблеста шума. Веднаш по дојавата за пожар, интервениравме на лице место, со 12 пожарникари со четири противпожарни возила од Територијалната противпожарна единица во Неготино и четворица доброволни пожарникари од Доброволното противпожарно друштво Повардарец со едно возило. Пожарот е изгаснат, но на терен остануваат шест пожарникари со две возила, за да ја следат состојбата, појасни Атанасов. 

Засега не се знаат причините за пожарот, се вршел увид на лице место. 

Мештани рекоа дека навремената интервенција на пожарникарите, спречила пожарот да се прошири. Со тоа, биле избегнати и поголеми штети. 

Ad
Ad