Кошарка
Берокал: Вакви победи носат самодоверба и се многу значајни за развојот на тимот
Македонската кошаркарска репрезентација ја заврши првата фаза од претквалификациите за Евробаскетот 2029 со максимален ефект, откако на гостувањето во Луксембург славеше со 80:66. И покрај бројните кадровски проблеми и скратениот ростер, избраниците на селекторот Жозеп Марија Берокал уште еднаш покажаа карактер и заслужено стигнаа до шестата победа во низа.
-Натпреварот имаше две различни лица. Во првото полувреме, кога имавме повеќе можности за ротација, игравме многу добро. Добро ја движевме топката, ја делевме одговорноста во нападот и одигравме квалитетна кошарка. Во второто полувреме беше очекувано Луксембург да реагира пред својата публика. Направија одредени тактички промени, а ние со скратената ротација почнавме да чувствуваме замор кај дел од играчите. Сепак, најважно е што се натпреварувавме сите 40 минути и на крајот заслужено победивме. Таквите победи носат самодоверба и се многу значајни за развојот на тимот, изјави Берокал.
Селекторот на македонскиот национален тим исто така потенцираше дека неколку играчи отсуствуваа, особено на бековските и центарските позиции, но дека сите играчи максимално го дале својот придонес.
јули 6, 2026


