Хроника
Лишени од слобода четворица возачи за безобѕирно управување возило, двајца возеле без возачка дозвола, а двајца под дејство на алкохол
Четири возачи се лишени од слобода за безобѕирно управување возило изминатото деноноќие на територијата на целата држава, соопшти МВР.
Во соопштението се наведува дека двајца од возачи (по еден во скопско и тетовско) управувале возило без возачка дозвола, а двајца возачи (по еден во Скопје и Гостивар) возеле под дејство на алкохол.
По целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.
-Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден соообраќај – нагласуваат од МВР.
јули 5, 2026


