Connect with us

Хроника

Граната од Втората светска војна пронајдена при ископ за изградба на објект во центарот на Скопје

Граната од Втората светска војна била пронајдена вчера при ископ на земја за изградба на објект на булеварот „Митрополит Теодосиј Гологанов“ во Скопје.

Министертството за внатрешни работи соопшти дека за гранатата вчера во 12 часот во полиција  пријавил Н.И., по што бил извршен увид од увидна екипа од СВР Скопје и било констатирано дека се работи за граната која потекнувала од Втората светска војна.

-Известена е Дирекцијата за заштита и спасување за безбедно подигање на гранатата, информира МВР во дневниот билтен

Ad
Ad