Connect with us

Тенис

Ивановски поразен во финалето на М25 Загреб турнирот

Македонскиот тенисер Калин Ивановски го загуби финалето на М25 Загреб турнирот. Поуспешен од него беше Кумојун Султанов од Узбекистан, кој постигна победа од 2:0 во сетови (6:4 и 6:4) во меч што траеше 107 минути.

Ова за Ивановски беше деветто финале прво по август 2023 година и го претрпе четвртиот пораз во финален меч.

Во текот на денешниот меч имаше само два брејка и двата ги направи Султанов. Во првиот сет брејкот го направи во петтиот гем што му донесе водство од 3:2 во гемови, а таа предност ја зачува до крајот на сетот.

Во вториот сет беше изедначено до 4:4 во гемови, а во следниот гем Султанов повторно го одзема сервисот на Ивановски и поведе со 5:4 што му го олесни патот за освојување на вториот сет.

Ивановски со статусот финалист од турнирот во Загреб, ќе настапи и на турнирот во Скопје што почна денес со квалификациите.

Ad
Ad