Connect with us

Хроника

Тетовец пријавил измама од лажна универзитетска професорка

Тетовец во полиција пријавил измама од лажна универзитетска професорка.

Од Министерството за внатрешни работи денеска информираа дека 67-годишниот тетовец пријави дека бил измамен од женско лице од село Неготино, полошко, која лажно се претставувала како универзитетска професорка.

  • Пријавителот во неколку наврати во изминатите три месеци ѝ позајмил 3.400 евра, затоа што наводно нејзината ќерка доживеала сообраќајна несреќа во Франција, па ѝ биле потребни за лекување. Но, во меѓувреме дознал дека таа го измамила, по што случајот го пријавил во полиција – информираат од МВР.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Ad
Ad