Connect with us

Свет

Во Јапонија евакуирани над два милиона луѓе поради тајфунот Мекхал

Во Јапонија денеска се евакуирани над два милиона луѓе поради приближување на тајфунот Мекхал, кој може да предизвика поплави и лизгања на земјиштето.

Тајфунот Мекхал претходно го погоди Тајван. Поради обилните дождови и силниот ветер островот е парализиран,  шест милиони луѓе не работат, а училиштата се затворени.

Мекхал во моментот ослабна и сега е категоризиран како тропска бура и се доближува до јапонскиот остров Рјуку.

Поради приближување ма Мекхал во Јапонија откажани се повеќе од 200 летови, десетици железнички линии се суспендирани, а многу автопатишта се затворени.

Ad
Ad