Connect with us

Ракомет

Ракометарите на Вардар ги добија ривалите од групата во Лигата на шампионите

Македонскиот ракометен шампион Вардар на денешното извлекување на групите ги доби ривалите за новата сезона во најквалитетното натпреварување, а противници им се: француски Нант, германски Мелсунген и полската екипа Висла. Овие четири екипи се во групата Б.

Оваа сезона во Лигата на шампионите настапуваат 24 екипи кои се поделени во шест групи со по четири екипи.

А група: Веспрем, Берлин, Порто, Партизан.

Б група: Нант, Мелсунген, Висла, Вардар.

Ц група: Алборг, ПСЖ, Загреб, Цеље.

Д група: Спортинг, ПИК Сегед, ГОГ, Кристијанштад.

Е група: Барселона, Монпеље, Динамо Букурешт, Архус.

Ф група: Магдебург, Киелце, Колштад, Криенс.

Првите натпревари од групите планирани се да се играат на 9.септември. 

Ad
Ad