Connect with us

Свет

„Волстрит џурнал“: САД, по иранските напади, размислува за прелоцирање на базите од Персиски Залив

САД размислуваат за намалување на воената присутност во Персиски Залив и преместување на дел од воените бази откако сателитските снимки открија дека иранските напади предизвикале поголема штета на поморската база во Бахреин отколку што Вашингтон јавно призна, објави „Волстрит џурнал“.

Според весникот, САД ја разгледуваат опцијата за преместување на воените бази и операции од Персиски Залив, а како една од можните локации се спомнува Израел.

Двајца неименувани американски претставници потврдија дека Израел е една од локациите каде би биле преместени дел од базите.

Целта на преместување на базите и операциите е тие да бидат вон дострелот на иранските проектили и дронови.

Ad
Ad