Connect with us

Фудбал

Манчестер Сити потпиша петгодишен договор со Бразилецот Елиас

Младиот 22-годишен бразилски крилен напаѓач Алан Елиас ги напушти редовите на Палмеирас и потпиша денеска петгодишен договор со Манчестер Сити.
„Алан е навистина возбудлив играч и веруваме дека ќе биде одлично дополнување на тимот“, изјави спортскиот директор на Сити, Уго Вијана.
Според англиските медиуми, Сити се согласил да плати околу 40 милиони евра за фудбалерот кој потекнува од академијата на Палмеирас, а за сениорскиот тим на бразилскиот клуб одигра 96 натпревари.
„Ова е неверојатен момент за мене. Со сè што постигна во последните 15 години, Манчестер Сити е еден од најатрактивните клубови во светот. Тоа што денес сум тука е најгордиот момент во мојот живот. Го сакам Палмеирас и секогаш ќе го сакам, но одлуката да дојдам во Сити беше лесна.“, изјави Елиас за клупскиот сајт на премиерлигашот.
Елиас е шестото засилување на Сити клубот ова лето по Елиот Андерсон, Џеронимо Рули, Ајуб Буади, Џереми Монга и Пирс Чарлс.