Фудбал
Баркола втор најскап фудбалер во историјата на Ливерпул
Англискиот фудбалски прволигаш Ливерпул потпиша договор со напаѓачот Бредли Баркола од ПСЖ, реализирајќи го вториот најскап трансфер во клупската историја.
Англискиот клуб ќе плати 106 милиони фунти, но вкупната трансфер сума може да се зголеми на 123 милиони фунти со дополнителните бонуси.
Баркола е второто најскапо засилување во историјата на Ливерпул по трансферот на Александар Исак, кој пристигна на „Енфилд Роуд“ од Њукасл за 125 милиони фунти.
Ливерпул во Баркола го донесе третото летно засилување по Виктор Муњоз и Роналд Араухо.

