Connect with us

Ракомет

Убедлив триумф на Вардар против грчки Олимпијакос

Македонскиот првак Вардар со победа од 39:27 (21:11) над грчки Олимпијакос го стартуваше меѓународниот ракометен турнир „Крсте Андоновски“ во Охрид. Ова беше втора победа на „црвено-црните“ во 24 часа откако вчера ја совладаа Војводина во дуел од Регионалната лига.

Победникот беше решен во првиот дел кога во финишот ракометарите на Вардар веќе имаа двоцифрена предност. Во таква ситуација тренерот Иван Чупиќ имаше шанса да ги провери играчите на кои сметаше за денешниот дуел.

Ова беше дуелот од Б групата, а во другите два термина се играат натпреварите од А групата: домаќинот Охрид – Египет У20 (почеток 18:45 часот) и Војводина – Загреб (почеток 21 часот).