Connect with us

Ракомет

Според тренерот на ГРК Охрид на клубот не му треба Регионалната лига

Во најавата на меѓународниот ракометен турнир што денеска почнува во Охрид беше одржана и прес-конференција. На едно од прашањата за учеството на македонските екипи во ракометната регионална лига тренерот на ГРК Охрид, Борис Ројевиќ истакна:

–  Според мое мислење, ќе потенцирам тоа е мое мислење, не е став на клубот на македонските екипи не им треба учество во тоа регионално натпреварување. Македонската лига има квалитет, највисоко во регионот. Сигурно меѓу пет или шест лиги во Европа и затоа не гледам потреба од играње Регионална лига. Јас сум во служба на клубот и ќе го работам тоа што клубот ќе одлучи. На српските екипи на пример, им е потребна дека имаат послабо од нашето. Јас практично немам тренинзи, губам тренинзи, истакна српскиот тренер на клупата на охриѓани.

На истото прашање одговори и тренерот на Вардар Иван Чупиќ, кој пак смета дека неговиот тим може да има корист од Регионалната лига.

–  Јас сум претставник на клубот. И клубот донесе одлука да играме Регионална лига и тоа е добро за клубот. Ние можеби имаме повеќе квалитетни странци од Охрид и Еурофарм Пелистер. Македонската лига има ограничување на странци, Регионалната лига не ќе можеме така да ја креваме формата за Лигата на шампионите. Сигурно дека ќе биде тешко со распоредот, додаде Чупиќ.

Вардар веќе го одигра првиот натпревар од Регионалната лига против Војводина победи, додека Охрид првите натпревари ќе ги игра по турнирот.

Инаку, двата клуба првиот официјален натпревар ќе го имаат на 2.септември во рамки на Супер купот.