Фудбал
Челзи бара 70 милиони евра за Џексон
Иднината на Николас Џексон во Челзи неизвесна, клубот бара 70 милиони евра, но тешко е да се очекува дека некоја екипа ќе биде подготвена да ја плати таа сума. Фудбалерот последната сезона ја мина како позајмен во Баерн Минхен и на 23 натпревари постигна осум голови.
За играчот интерес има од премиерлигашите Астон Вила и Тотенхем, како и од Атлетико Мадрид, но тешко е да се верува дека некој од овие клубови се подготвени да ја платат бараната сума од Челзи.
Инаку, репрезентативецот на Сенегал во летото 2023 година во Челзи пристигна од Виљареал за околу 35 милиони евра. Во Челзи настапуваше во променлива форма, но и честите промени на менаџерите имаа влијание на игрите.
август 17, 2026
