Connect with us

Фудбал

Ливерпул не се откажува од Баркола, се чека ПСЖ да ја намали цената

Премиерлигашот Ливерпул ги продолжува преговорите со европскиот првак ПСЖ за францускиот репрезентативец Бредли Баркола. Преговорите за трансфер стануваат се по интензивни откако и фудбалерот на „црвените“ Коди Гакпо побара трансфер во Тотенхем.

Тоа би значело дека новиот менаџер на Ливерпул Андони Ираола ќе има потреба од крилни напаѓачи откако и Мохамед Салах замина во Трабзон.

Се чини дека опцијата за носењето на Баркола е станува се пореална откако европскиот првак ги договори Феран Торес од Барселона и Мика Годтс од Ајакс.

Првата сума што ја побара ПСЖ за трансферот на Баркола беше 145 милиони фунти, но сегашните очекувања се таа да се намали на 125 милиони фунти, нешто што може да се очекува и Ливерпул да го прифати.