Connect with us

Општини

Пожарникарите од Велес спречија пожар на железничкиот електричен вод во Долни Дуќани

Територијалната противпожарна единица од Велес утрово во 6:20 часот добила пријава за запалено дрво на улицата Димко Најдов, кај летниковецот во велешката месност Долни Дуќани.

На местото веднаш пристигнале двајца пожарникари со едно противпожарно возило, при што затекнале падната гранка од дрво која горела врз електричниот вод на железничката пруга Скопје – Гевгелија.

Од ТППЕ Велес информираат дека пожарникарите веднаш интервенирале и го испрскале електричниот вод по целата површина со средство за заштита од пожар, со што спречиле ширење на огнот и можни поголеми последици.

За настанот веднаш биле известени СВР Велес и Центарот за управување со кризи (ЦУК). Од ЦУК информираа дека биле известени ЈП „Македонски железници“ и ЕВН за настанатата состојба.

Од ТППЕ Велес повторно упатуваат апел до граѓаните за навремено пријавување на секое забележано задимување или пожар, како и за избегнување палење оган на отворен простор, бидејќи тоа може да предизвика пожари со големи размери

Ad
Ad