Connect with us

Живот

На аукција продаден скелет на Т-рекс за рекордни 50,1 милиони долари

На аукција организирана од аукциската куќа Сотби, вчера по околу десетминутно наддавање помеѓу седум понудувачи, беше продаден скелетот на Т-рекс за рекордни 50,1 милиони долари. Фосилот е ископан во американската сојузна држава Јужна Дакота и, според Сотби, претставува еден од најголемите и најдобро сочувани Т-рекси, досега откриени.

Во 2024 година во Њујорк, скелет на стегосаурус беше продаден за речиси 45 милиони долари.

Експертите се против трговијата со научно вредните примероци, што во последните години е во пораст. Според нив, тие треба да бидат достапни за научни истражувања и јавни институции, а не да завршуваат во приватни колекции.

Идентитетот на купувачот останува во тајност. 

Ad
Ad