Connect with us

Хроника

Тешко повреден жител на кавадаречко Сопот по пад од електричен тротинет

Тешко повреден бил жител на кавадаречкото село Сопот, по пад од електричен тротинет, информираа денеска од Секторот за внатрешни работи – Велес.

– Синоќа во ОВР – Кавадарци е пријавено дека околу 22 часот на улицата „Маршал Тито“ во кавадаречкото село Сопот, 43-годишниот И.А., управувајќи електричен тротинет, изгубил контрола и паднал на коловозот. Во несреќата, со тешки телесни повреди се здобил И.А., констатирани во Општа болница – Кавадарци – соопштија од СВР – Велес.

Увид на местото извршила увидна екипа од ОВР – Кавадарци. 

Ad
Ad