Connect with us

Хроника

Пријавено семејно насилство во кумановската полиција, осомничениот пренесен во психијатриската болница Демир Хисар

Кумановската полиција потврди дека вчера педесет и петгодишна жена од Куманово пријавила дека подолг временски период таа и нејзините деца биле физички и психички малтретирани од нејзиниот сопруг П.Ц., кој често бил под дејство на алкохол.

– П.Ц. е спроведен во Психијатриската болница Демир Хисар и против него ќе биде поднесена соодветна пријава информираше СВР Куманово.

Ќерката преку видео објавено на социјалните мрежи наведе дека таа и нејзиното семејство  се соочуваат со семејно насилство и се обидуваат да обезбедат соодветен третман и згрижување за нејзиниот татко. Таа посочи дека семејството  барало помош од здравствени и други институции, дека во домот живее и нејзиниот брат со церебрална парализа и апелираше надлежните да преземат мерки и да обезбедат институционална поддршка.