Connect with us

Хроника

Тешко повреден кавадарчанец откако го прегазил трактор

Кавадарчанец се здобил со тешки телесни повреди, откако бил прегазен од трактор.

– Синоќа во 20 часот во ОВР – Кавадарци е пријавено дека во кавадаречката Општа болница за укажување лекарска помош бил донесен Р.М., 75-годишен кавадарчанец, каде од страна на лекар му биле констатирани тешки телесни повреди. Според пријавеното, во дворот од домот, тој стартувал трактор додека стоел до него, по што тракторот се придвижил и го прегазил – соопштија денеска од Секторот за внатрешни работи – Велес.

 Известен бил јавен обвинител, а увид извршила увидна екипа од ОВР – Кавадарци.

Ad
Ad