Connect with us

Хроника

Претрес во Скопје – пронајдена дрога, приведени две лица

Полициски службеници привеле две лица од Скопје откако кај нив се пронајдени дрога и пари.

– Синоќа во 22:20 часот, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје ги лишија од слобода П.Ј.(38) и Д.Р.(28), двајцата од Скопје, затоа што при извршен претрес во домот на П.Ј., на подрачјето на Кисела Вода, по претходно добиена судска наредба, каде бил затекнат и Д.Р., биле пронајдени и одземени бела грутчеста материја, марихуана, дигитална вага и пари – соопшти Министерството за внатрешни работи.

Од МВР најавуваат дека по целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Ad
Ad