Забава
Петмина повредени во првата трка со бикови на Фестивалот во Памплона
На првата трка со бикови на овогодишниот Фестивал „Сан Фермин“ во Памплона, северна Шпанија, денеска, пет тркачи беа повредени. Не се работи за животозагрозувачки повреди, објави Шпанската радиотелевизија – РТВЕ.
Станува збор, главно, за модринки – без рани од долгите, остри рогови на биковите, објави државниот радиодифузен сервис. Сепак, три лица се однесени в болница.
Фестивалот во чест на светецот-заштитник на градот, Свети Фермин, почна вчера и завршува следниот вторник. Секое утро, шест борбени бикови – некои со тежина од над 600 килограми, како и неколку питоми бикови се тераат низ тесните улици на стариот град до арената за борбите со бикови во доцните попладневни часови. Секоја година, десетици тркачи – претежно млади мажи, се повредени додека ја тестираат својата храброст на патеката долга приближно 825 метри, бегајќи од затрчаните животни.
Од 1924 година, во трките имало 16 смртни случаи. Последниот се случил во 2009 година.
Оваа година, како и претходно, групите за заштита на животните протестираа против овој традиционален настан, којшто се одржува од 1591 година, но денес, во современото општество – е контроверзен и во Шпанија. Сепак, фестивалот продолжува да привлекува илјадници посетители од целиот свет – Европа, САД, Австралија, Азија.
јули 8, 2026


