Архива
Акумулацијата „Мантово“ порибена со 300 килограми крап
Акумулацијата „Мантово“ е порибена со 300 килограми крап со финансиска поддршка од Општина Конче, информираа од Риболовниот клуб „Крап“ од Радовиш.
-Акцијата беше спроведена во соработка со концесионерот “Даниго ДООЕЛ – Мантовски Крап“ и локалните риболовци со цел збогатување на рибниот фонд и зачувување на природното богатство на езерото, информираат од радовишкиот риболовен клуб.
Во пренесената изјава, пак, на градоначалникот на Општина Конче, Златко Ристов, се наведува дека локалната самоуправа и во иднина ќе продолжи да ги поддржува ваквите активности, кои придонесуваат за заштита на животната средина, развојот на спортскиот риболов и унапредување на туристичкиот потенцијал на езерото „Мантово“.
јули 8, 2026

