Connect with us

Свет

Кинеската морнарица тестираше стратешка ракета лансирана од подморница

Кинеската народноослободителна армија успешно тестираше стратешка ракета лансирана од подморница, јави Синхуа.

Морнарицата соопшти дека денеска напладне по локално време, стратешка нуклеарна подморница успешно тестирала стратешка ракета со лажна боева глава во правец на релевантни области на отворено море во Тихиот Океан.

Ракетата слета во прецизно одредени води, соопшти војската на Пекинг.

Ad
Ad