Општини
Се реновира спортската сала во гимназијата во Кавадарци
Се реновира спортската сала во гимназијата во Кавадарци. Кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев, денеска во изјава за медиумите, рече дека реновирањето е со средства од Општина Кавадарци.
– Долго време спортската сала не беше реновирана, правиме комплетно реновирање. Речиси сите училишта ни имаат нови спортски сали, така да сега и гимназијата „Добри Даскалов“ добива нова спортска сала, доста реновирана, којашто ќе ги има сите содржини и подобри услови за спорт – појасни Јанчев.
Тој додаде дека спортската сала до пред први септември ќе биде ставена во функција.
јуни 30, 2026


