Свет
Во Турција најмалку 103 луѓе обвинети за тероризам
Во Турција против 103 луѓе подигнати се обвиненија поради членство во терористички организации.
Турската полиција и жандармерија на 23 јуни во Анкара приведе 225 луѓе под сомнение дека се членови на терористички групи, од кои 103 лица се обвинети, 32 се ослободени, додека другите осомничени сè уште се во судски постапки.
Акцијата е спроведена како дел од подготовките за Самитот на НАТО, што на 7 и 8 јули треба да се одржи во главниот град на Турција, Анкара.
Опозицискиот весник „Џумхуриет“ објави дека помеѓу приведените се и неколкумина еколози и претставници на ЛГБТК плус организација.
Турција планира строги безбедносни мерки за време на Самитот на НАТО, меѓу кои и забрана за демонстрации, ограничувања на патиштата кон аеродромот, како и затворање на подрачјето каде ќе се одржува Самитот и хотелите каде ќе бидат сместени делегациите.
јуни 26, 2026

