Хроника
Приведен 31-годишник во Тиквешко, обвинет дека ја нападнал тетка му
Полициски службеници од ОВР – Неготино во текот на вчерашниот ден лишија од слобода 31-годишник од неготинско село, постапувајќи по претходна пријава дека во домот, физички ја нападнал неговата 59-годишна тетка, информираат денеска од Секторот за внатрешни работи – Велес.
За настанот биле известени јавен обвинител и Центар за социјални работи – Неготино.
– Тој e спроведен во здравствена установа и по документирање на настанот, ќе биде поднесен соодветен поднесок, појаснија од СВР – Велес.
јануари 3, 2026


