Connect with us

Хроника

Детето повредено во новогодишната ноќ починало од тешки повреди на мозокот

Повреденото дете во новогодишната ноќ кое беше примено на Клиниката за неврохирургија во Скопје, утрово  почина како резултат на многу тешките повреди на мозокот од страна на метално страно тело, изјавија од Клиниката за МИА.

-За понатамошни толкувања ќе почекаме резултати од судско-медицинските испитувања и иследувањата од страна на МВР, пишува во одговорот на прашањата на МИА.

Претходно денеска, Јавното обвинителство издаде наредба за обдукција на телото на двегодишното дете.

– Во однос на починатото двегодишно дете, Основното јавно обвинителство – Скопје издаде наредба за обдукција на телото, соопштија од Обвинителството.

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски вчера во изјава за медиумите  информираше дека за време на новогодишната ноќ се случиле два сериозни инцидента – убиство на турски државјанин со нож, во Скопската чаршија, и случај на тешко повредено двегодишно дете, на, како што рече, засега непознат начин,  кое било во животозагрозувачка состојба во Клиничкиот центар-Скопје.

Тошковски посочи дека повредата на детето е од „метален фрагмент кој во тој момент не можел детално да се специфицира“.

– Има повеќе теории на случај за тоа како е повредено детето. Штом точно ги утврдиме причините за настанување на оваа тешка телесна повреда ќе ја информираме јавноста, рече Тошковски.

Ad 2
Маркетинг
Маркетинг
Ad 1
Ad 2