Connect with us

Хроника

Во гостиварската полиција пријавено дека малолетник се затрул од алкохол во угостителски објект

Малолетен гостиварец утрово завршил во болница каде му била пружена медицинска помош откако било пријавено дека е затруен по конзумирање алкохол во угостителски убјект, информираат од СВР Тетово.

– На 01.11.2025 во 02:45 часот во ОВР Гостивар, од Ургентен центар Гостивар е пријавено дека кај нив е донесен малолетник затруен од консумирање на алхохол. Веднаш е постапено по пријавата и констатирано е дека се работи за 16- годишник од гостиварско и по кажување на неговата мајка алхохолот го консумирал во угостителски објект во Гостивар, изјави портпаролот на СВР Тетово, Фатмир Реџепи.

Тој потврди дека се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот и под кои околности малолетникот консумирал алкохол. 

Маркетинг
Маркетинг
Ad 1
Ad 3
Маркетинг