Connect with us

Хроника

Возрасен кумановец пријавил злоупотреба од извршител за над 2,5 илјади евра

Осумдесет и деветгодишен кумановец пријавил злоупотреба на службена положба од извршител од Куманово, соопшти денеска полицијата. Според информацијата на СВР Куманово, повозрасниот граѓанин пријавил дека бил оштетен за сума од нешто над 2, 5 илјади евра.

Вчера во 10.00 часот во СВР Куманово С.Т. (89) од Куманово пријавил злоупотреба на службена положба од страна на извршител од Куманово при што го оштетил за сума од 158.534 денари, соопшти полицијата која презема мерки за расчистување на случајот.

Во друг случај, повозрасен кумановец бил нападнат и ограбен. Вчера во 19.00 часот полициски службеници ги лишиле од слобода М.И. (33) и еден малолетник, затоа што на улицата „Перо Тошев“ во Куманово го нападнале С.И. (85) и му одзеле пари. Тие биле приведени во полициска станица и по целосното документирање на случајот против нив ќе следува соодветна пријава.

Полициските службеници од СВР Куманово и социјални работници презедоа мерки за сузбивање на питачењето на подрачје на Куманово.

Притоа пред локалитет „Комитет“ во Куманово била затекната Е.П.(39) и нејзиното малолетно дете и кај неа биле пронајдени пари. По целосно документирање на случајот против неа ќе следува пријава поради сомнение за сторено кривично дело по член 201 од Кривичниот законик, наведуваат од полицијата.