Connect with us

Свет

ЕУ во земјината орбита го лансираше сателитот „Сентинел-1Д“

Од вселенскиот центар во Француска Гијана синоќа беше лансирана ракетата „Аријана 6“, која во земјината орбита го однесе европскиот сателит „Коперник Сентинел-1Д“. 

Мисијата на сателитот „Сентинел-1Д“, како што соопшти Европската комисија, е да ја „набљудува нашата планета, дење и ноќе, и преку облаци и низ бури“. 

– „Коперник Сентинел-1Д“ е опремен со европска вселенска технологија и користи синтетички апартурен радар за скенирање на копното и морето. Тој ќе ги следи поплавите, топењето на мразот, движењата на бродовите, нафтените дамки, па дури и суптилните поместувања на тлото, наведе Европската комисија во објава на Икс. 

Според ЕК, податоците што ќе ги испраќа „Сентинел-1Д“ ќе бидат бесплатни и ќе имаат за цел да ги поттикнат истражувањата на климата, одговорот на катастрофи и поморската безбедност. 

– Еден сателит може да го промени начинот на кој ја гледаме Земјата. Но, целата приказна доаѓа од Мисијата „Коперник“ на ЕУ со 12 сателити што орбитираат околу Земјата, стотици инструменти на земјината површина и над 25 терабајти податоци дневно. Тие заедно ги поттикнуваат вселенските амбиции на ЕУ за справување со глобалните предизвици, се додава во објавата.

Маркетинг
Маркетинг
Ad 2
Ad 1