Connect with us

Свет

Суданските паравоени сили – РСФ со кинеска ракета соборија владин воен авион од руско производство Ил-76

Руски воен транспортен авион од типот Ил-76 се урна вчера во Судан во близина на градот Бабануса, а целиот екипаж ги загуби животите во несреќата. 

Антивладините Сили за брза поддршка –РСФ ја презедоа одговорноста за нападот, соопшти ОН.

Силите за брза поддршка, паравоена група што се бори против суданската Влада, соопштија дека го уништиле авионот користејќи кинески противвоздушен систем FK-2000. Тие тврдат дека го набавиле системот од Обединетите Арапски Емирати.

Снимки од местото на несреќата на кои се гледаат фрагменти од голем бел транспортен авион со препознатлив опашест дел, карактеристичен за авионите Ил-76, беа објавени и на социјалните мрежи. Суданските воздухопловни сили користеле вакви авиони за транспорт на војници, опрема и муниција помеѓу воените бази во конфликтните зони.

Граѓанската војна во Судан трае од април 2023 година. Употребата на софистицирани противвоздушни системи, како што е FK-2000, укажува на зголемено вооружување на РСФ и го зголемува ризикот од ескалација на регионалниот конфликт.

Маркетинг
Маркетинг
Ad 1
Ad 3