Connect with us

Свет

Италијански новинар доби отказ поради прашање за Појасот Газа на брифинг на ЕК

Италијанскиот новинар Габријеле Нунцијати доби отказ од новинската агенција Нова откако на брифинг на Европска комисија постави прашање дали Израел ќе ја плати обновата на Појасот Газа.

Тој со прашањето направи паралела со барањата на Европска Унија, Русија да ја финансира обновата на Украина

Нунцијати истакна дека по брифингот имал „тензични разговори“ со претпоставените, а на 27 октомври бил известен за прекин на договорот.

Агенција Нова соопшти дека Нунцијати со прашањето создал лажно изедначување и покажал „недостиг на разбирање на основните принципи на меѓународното право“.

Италија е на 49 место во светот според слободата на медиуми според Репортери без граници и е најлошо рангирана во Западна Европа.

Маркетинг
Маркетинг
Ad 1
Ad 1