Свет
Рјабков: За средба Путин – Трамп потребна е внимателна подготовка
Рускиот замененик-министер за надворешни работи Сергеј Рјабков денеска изјави дека не се исполнети услови за средба помеѓу рускиот и американскиот претседател, Владимир Путин и Доналд Трамп.
– Самит од каков било вид бара темелна подготовка и внимателно разгледување на сите аспекти. До денеска, ниту првиот ниту вториот услов за организирање на овој состанок не се исполнети, посочи Рјабков.
Тој додаде дека агенциите за надворешна политика се активно вклучени во сè што е поврзано со средбата.
– Во оваа фаза, наш приоритет е да се осигураме дека рамката што претседателите ја формулираа, кога се сретнаа во Анкориџ, кон средината на август, е целосно конкретизирана, нагласи Рјабков.
ноември 6, 2025

