Свет
Казахстанските власти тврдат дека спречиле терористички напад во Алмати
Националниот комитет за безбедност на Казахстан (КНБ) објави дека е спречен терористички напад во градот Алмати, кој наводно го планирале пет странски државјани.
-Националниот комитет за безбедност на Алмати спречи терористички напад планиран од пет странски државјани во септември 2025 година. Сите се уапсени, а истрагата е во тек, се вели во денешното соопштение на КНБ.
Исто така, се наведува дека во септември и октомври, осум казахстански државјани биле приведени во кривична постапка под сомнение за поттикнување тероризам.
октомври 28, 2025

