Фудбал
Манчестер Јунајтед најде замена за Аморим

Менаџерот на Манчестер Јунајтед Рубен Аморим по серијата слаби резултати е пред отказ. Раководството на клубот најверојатно ќе се реши за домашен менаџер.
Според информациите од британските медиуми најблиску до клупата на „црвените ѓаволи“ е поранешниот играч на овој клуб Мајкл Карик. Тој е еден од главните кандидати доколку дојде до прекин на соработката со Аморим.
Карик имаше кус период на клупата на Манчестер Јунајтед кога по отказот на Оле Гунар Солскјер ја предводеше екипата на три натпревари. Неговата екипа постигна победа во Лигата на шампионите против Виљареал, а во Премиер лигата го совлада Арсенал.
Како менаџер Карик беше асистент на Манчестер Јунајтед под водство на Солскјер и Жозе Мурињо, додека од октомври 2022 година беше менаџер на Мидлсброу, до летото 2025 година на 136 натпревари и постигна 63 победи.
Како играч на „црвените ѓаволи“ одигра 464 натпревари постигна 24 голови, а освои пет титули во Премиер лигата и една во Лигата на шампионите.
октомври 1, 2025