Фудбал
Казна од ФИФА за Хрватскиот фудбалски сојуз

Дисциплинската комисија на ФИФА одреди казна од 30.000 швајцарски франци и затворање на дел од трибините за Хрватскиот фудбалски сојуз. Причина за казната е дискриминаторското однесување на навивачите на натпреварот со Црна Гора одигран на 8.септември. Хрватскиот сојуз е казнет и со 11.500 швајцарски франци поради употреба на пиротехника на дел од публиката.
Натпреварот со Црна Гора беше од квалификациите за Светското првенство 2026 одигран на Максимир во Загреб. Дел од навивачите скандираа „Убиј Србин“.
Следниот натпревар во организација на ФИФА Хрватска против Гибралтар ќе го игра во Вараждин и ќе мора трибините да бидат затворени најмалку 15 проценти од капацитетот на трибините, со напомена зад головите. Напоменатите 15% можат да бидат пополнети со деца до 14 години. Хрватскиот фудбалски сојуз најави дека делот ќе биде пополнет со децата од фудбалските школи од Варждинската жупанија, но секако и за тоа треба да добијат одобрување од ФИФА.
октомври 1, 2025