Connect with us

Фудбал

Руни: Ова не е Манчестер Јунајтед

Поранешниот капитен Вејн Руни изјави дека на премиерлигашот Манчестер Јунајтед му се потребни промени и напомена дека не го препознава клубот во кој настапувал. Во моментов Манчестер Јунајтед се наоѓа на 14.место на табелата во Премиер лигата, а титула немаат освоено 12 години односно од времето кога Руни настапуваше во дресот на „црвените ѓаволи“.

  • Едноставно не знам што се случува. Пробав да работам како менаџер, но не одеше најдобро. Рубен Аморим е на моја возраст, млад менаџер и сигурен сум дека има иднина во оваа работа и ќе може да смени нешто. Но, ова не е Манчестер Јунајтед. Мора да има порака каде „оди“ клубот. Во моментов сите седиме и чекаме да се распадне, изјави Руни во поткаст за ББЦ.

Руни се осврна и на отказите на вработените во клубот, каде од 1.100 вработени бројката за две години е намалена на 700, со напомена дека токму тие беа „душата“ на клубот.

Вејн Руни со Манчестер Јунајтед освои пет титули во Премиер лигата и една во Лигата на шампионите.