Фудбал
Тотенхем планира да го задржи Палиња

Премиерлигашот од Лондон Тотенхем планира по секоја цена да го задржи Жоао Палиња. Клубот е сè поблиску до одлуката да го откупи договорот, откако Португалецот за кус период стана еден од главните играчи.
Палиња во Тотенхем дојде минатиот месец како позајмен играч од Баерн Минхен, а веќе ги задоволи вкусовите на стручниот штаб и на навивачите. Тотенхем има опција да го откупи договорот на крајот од сезоната, кој е во износ од 27 милиони фунти. Од извори блиски на клубот менаџерот Томас Франк, посакува откупната клаузула да биде активирана веднаш.
Со доаѓањето на Палиња, Тотенхем успеа да постигне пет победи во серија во три различни натпреварувања и се наоѓа на третото место на табелата во Премиер лигата.
септември 27, 2025