Connect with us

Фудбал

Тренерот Ѓаловиќ по инцидентот сепак го напушти Марибор

По тепачката на тренингот на фудбалскиот клуб Марибор и добиениот удар во глава тренерот на Марибор Радомир Ѓаловиќ донесе одлука да го напушти клубот. Тој во словенечкиот тим беше само 16 дена и на три натпревари оствари три победи, но сепак по инцидентот заминува.

На еден од тренинзите дојде до тепачка меѓу Омар Рекик и Бенџамин Тете. По добиениот удар Ѓаловиќ го напуштил тренингот, а по денешниот состанок со управата на клубот реши да замине.

Во шок останаа навивачите на Марибор, а мета на нивните коментари и критики е сопственикот на клубот Акун Иличали. Тие сметаат дека токму тој требал да направи напори Ѓаловиќ да остане на позицијата тренер на Марибор.

Инаку, не е познато какви казни ќе добијат играчите кои беа „актери“ на инцидентот.