Connect with us

Фудбал

Челзи три недели без Палмер

Премиерлигашот Челзи следните натпревари ќе ги игра без Кол Палмер. Тој на дербито со Манчестер Јунајтед во неделата поради повреда во првиот дел го заврши натпреварот. Медицинскиот тим на клубот донел одлука тој да паузира три недели односно до репрезентативната пауза, за да не ја влоши состојбата со повредата на препоните.

–  Се решивме да го заштитиме Палмер и да одмори три недели, изјави менаџерот Енцо Мареска.

Палмер сезонава ја почна со повреди и најчесто отсуствуваше поради проблеми со повреди. Мареска нагласи и дека во клубот не размислуваат за операција и дека по тринеделната пауза играчот ќе биде максимално подготвен.

Во следните две кола во Премиер лигата Челзи игра против Брајтон и Ливерпул, а има и натпревар во Лигата на шампионите против Бенфика.