Connect with us

Фудбал

Леони ќе паузира една година поради повредата, објави Слот

Младиот фудбалер на Ливерпул, Џовани Леони, ќе отсуствува од теренот околу една година поради руптура на предните вкрстени лигаменти на левата нога, потврди денеска тренерот на англискиот првак Арне Слот.

Осумнаесетгодишниот италијански дефанзивец, кој пристигна од Парма ова лето, дебитираше за Ливерпул во победата против Саутемптон во Лига купот, но го напушти теренот во 81 минута поради повреда.

„Не е во добра состојба, бидејќи ги скина лигаментите и ќе отсуствува околу една година. Многу е тешко да се најде позитивна страна во оваа ситуација, но со оглед на тоа дека е млад, има многу години пред себе откако ќе се опорави од толку сериозна повреда“, рече Слот.

Тренерот на Ливерпул нагласи дека неговиот тим ќе остане само со тројца стандардни стопери, Вирџил ван Дајк, Ибрахим Конате и Џо Гомез до јануарскиот преоден рок.

Клубот ја разгледува можноста да го вклучи крилниот напаѓач Федерико Киеза на местото на Леони за натпреварите во Лигата на шампиони.