Фудбал
Барселона во Англија најде замена за повредениот Гави

Поради повреда на коленото играчот на Барселона Гави најверојатно ќе отсуствува четири до пет месеци. Клубот барем засега најде краткорочна замена и тоа од редовите на Манчестер Јунајтед.
Во периодот на репрезентативната пауза играчот на Барселона Гави го повреди коленото, а деновиве му беше извршена и операција. Во момент проценките беа дека не е ништо сериозно, но сепак хируршката интервенција беше неопходна. Операцијата успешно мина, но ќе следува периодот на рехабилитација.
Од редовите на Барселона скромно се најавува замена во ростерот на тренерот Ханси Флик.
Играчот е најден во Англија и тоа од Манчестер Јунајтед. Како што пренесуваат шпанските медиуми блиски на каталонскиот клуб сметаат дека Барса ќе „тргне“ по Коби Маино. Младиот играч во последно време е во втор план кај менаџерот Рубен Аморим.
септември 26, 2025