Connect with us

Фудбал

Големиот талент на англискиот фудбал Рио Нгумоха го потпиша првиот професионален договор со Ливерпул

Големиот талент на англискиот фудбал Рио Нгумоха го потпиша првиот професионален договор со актуелниот првак на Англија – Ливерпул. Крилниот напаѓач кој во академијата на клубот дојде минатата година откако наполни 17 години потпиша договор со „црвените“ на три години.

Младиот играч беше дел од младинските екипи на Челзи У18; У19 и У21, но минатата сезона Арне Слот му даде шанса да настапи и за првиот тим на натпревари во ФА купот.

Притоа веќе има и пет настапи за првиот тим, а посебен белег остави во дебито во Премиер лигата кога во судиското надополнување (100.минута) постигна гол за победа против Њукасл. Минатата недела имаше и деби настап во Лигата на шампионите на дуелот со Атлетико Мадрид.