Свет
„Амазон“ обвинет за вештачко зголемување на цените за рекламирање и илегална заработка од милијарди долари
Федералната трговска комисија на САД (ФТЦ) и 22 држави поднесоа тужба против „Амазон, обвинувајќи го онлајн трговецот на мало дека вештачки ги зголемува цените што компаниите ги плаќаат за рекламирање на својата платформа, потенцијално заработувајќи десетици милијарди долари.
ФТЦ тврди дека „Амазон“ повеќе од седум години тајно ги зголемува цените рекламирање.
Повисоките трошоци за работењето на „Амазон“ во голема мера ги сносат американските потрошувачи, изјави претседателот на ФТЦ, Ендру Фергусон, додавајќи дека последиците можат да бидат огромни кога еден од најголемите онлајн трговци на мало во светот се вклучува во нефер и измамнички практики.
Компаниите му плаќаат на „Амазон“ за нивните реклами да се прикажуваат покрај одредени резултати од пребарувањето, а рекламниот простор се доделува преку аукции.
Според правилата што „Амазон“ јавно ги објави, победникот на аукцијата не го плаќа целиот износ од својата понуда, туку само еден цент повеќе од втората највисока понуда. Ако, на пример, едната компанија понуди 200 долари, а другата 190 долари, победникот би платил 190,01 долари за рекламниот простор, наведува ФТЦ.
Но, „Амазон“ ја наплатил целосната цена на понудата во речиси четири од пет аукции за рекламниот простор, што, според ФТЦ, ги прекршил сопствените правила.
„Амазон“ наводно дополнително ги зголемил цените со користење на фиктивни понудувачи на аукциите.
Во тужбата се тврди дека тајното зголемување на цената е воведено поради незадоволство од приходите од рекламните аукции.
септември 1, 2026
