Connect with us

Свет

Втората светска војна почна пред 87 години со нападот на Германија врз Полска

 Втората светска војна почна на 1 септември 1939 година, со нападот на нацистичка Германија врз Полска. 

Велика Британија и Франција објавија војна на Германија на 3 септември, откако Полска беше нападната два дена претходно. На договорот Берлин-Москва, потпишан на 23 август, една недела пред агресијата врз Полска, кој предизвика збунетост на Западот, му претходеа месеци залудни преговори меѓу британските и француските претставници во советската престолнина.

Втората светска војна започна со напад на германскиот крстосувач Шлезвиг-Холштајн врз Данциг, или Вестерплате, на 1 септември во 4:45 часот наутро. Во исто време, германските воздухопловни сили почнаа да го бомбардираат пограничниот град Виeлун.

Германија потоа окупира неколку европски земји по Полска – Данска, Норвешка, Белгија, Холандија, Луксембург. Потоа, во средината на летото 1940 година, и Франција капитулираше.
Пресвртницата во Втората светска војна беше германскиот напад врз Советскиот Сојуз на 22 јуни 1941 година.
САД влегоа во војната по јапонскиот напад врз Перл Харбор, водечката поморска база на САД во Пацификот, на 7 декември 1941 година.

Втората светска војна во Европа заврши со пад на Берлин, односно со потпишувањето на безусловна капитулација на Германија на 8 мај 1945 година.
Најразорната војна во човечката историја, во која учествуваа 61 земја, и со огромно уништување, страдање и злосторства, одзеде повеќе од 70 милиони животи.