Свет
Швајцарската полиција уапси осомничен по смртоносната пукотница на рејв забава во Арау
Швајцарската полиција уапси осомничен во врска со пукотницата на рејв забава за време на викендот, во која загина 22-годишна Италијанка, а четворица други беа повредени, јави ДПА.
Осомничениот е 43-годишен швајцарски државјанин, соопшти денеска полицијата, додавајќи дека истражителите веруваат дека дејствувал сам.
По пукотницата во неделата рано утрото во градот Арау беше започната потрага.
Четири лица на возраст меѓу 24 и 31 година беа повредени, потсетува ДПА.
септември 1, 2026
